Германскиот производител на автомобили Volkswagen, не само што е препознатлив по различните модели на возила, туку се пробива и во светот на гастрономијата.
Колбасите со кари, во текот на минатата година забележале поголема продажба, одошто автомобили од истиот бренд. Податоците покажуваат дека во 2014 година се продадени 6,3 милиони колбаси со кари, додека вкупната бројка на продадени автомобили е 6,1 милиони, пишува Stuttgarter zeitung.
Главната фабрика на Volkswagen во Волфсбург минатата година произвела вкупно 7,8 милиони колбаси, што е за 10% повеќе во однос на претходната 2013 година.
Овие колбаси се наменети и за кантините на фабриките на Volkswagen, но и за широка потрошувачка.