Лицата со оштетен слух во иднина би можеле да “слушаат“ со својот јазик

44

slusanje so jazik

Животот на лицата со оштетен слух воопшто не е едноставен, па голем предизвик за технолошките иноватори е да се пронајде уред што ќе им биде од голема помош.

Кохлеровите имплати досега имале голем успех во враќање на слухот, но операцијата е инвазивна, скапа и не е соодветна за пациенти во поодминати години. Од таа причина, тим од Државниот универзитет во Колорадо развиваат уред што ќе им помогне на лицата со овој проблем. Станува збор за посебен уред, во кој има вградено електроди и има за цел да ги пренесе информациите до лицата со оштетен слух, пишува британски Телеграф.

“Она што се обидуваме да направиме е поинаква форма за замена на сетилата. Кохлеровите импланти им го променија животот на многу луѓе, но не се соодветни за сите. Ние сметаме дека нашиот уред ќе биде многу поефикасен, ќе може да го користат повеќе лица, со што ќе биде и поевтин“, вели Џон Вилијамс, вонреден професор на Машинскиот факултет при Универзитетот во Колорадо.

Моменталниот прототип на уредот е прилично голем, но тимот верува дека за кратко време ќе може да се развие минијатурен уред што лесно може да се носи во внатрешноста на устата.