TAV ќе се грижи за ИТ системот на аеродромот во Абу Даби

78

abu dabi aerodrom

TAV information technologies победи на тендерот што го објави терминалот на аеродромот во Абу Даби, што ќе биде еден од најголемите изградени терминали под еден покрив во светот, пишува Хуријет.

TAV IT ќе го преземе поставувањето на ИТ структура и ќе биде задолжена за одржување на терминалот. Оваа компанија беше единствената од Турција што беше поканета да поднесе понуда на тендерот, на кој учествуваа осум познати светски ИТ фирми, стои во соопштението од компанијата.

Тендерот е во вредност од 50 милиони долари, а опфаќа дизајнирање, поставување и работа на целокупната комуникациска инфраструктура на терминалот, а ќе има задача да нуди и техничка поддршка.

“Ние го пренесовме нашето know – how во девет аеродроми во Турција, односно во сите аеродроми со кои оперира TAV Airports. Исто така, нашето know – how го пренесуваме и во три аеродроми во Саудиска Арабија. Посебно сме горди што ќе бидеме дел од аеродромот во Абу Даби, што е еден од најпопуларните проекти во Обединетите Арапски Емирати. TAV IT победи на тендерот, оставајќи зад себе осум интернационални ИТ компании“, рече  генералниот менаџер на TAV IT, Бинур Гулерјуз Онаран.

Кога ќе биде ставен во функција, теминалот на аеродромот во Абу Даби, што се простира на 702.000 метри квадратни, ќе може да обезбеди услуги на 27 милиони патници годишно.