Србија: Либерализација на пазарот на електрична енергија

41

strujaВо Србија од вчера е либерализиран дел од пазарот на електрична енергија и гас на слободен пазар. Со новиот закон за енергетика, со либерализацијата на пазарот на електрична енергија се опфатени сите 27 големи индустриски потрошувачи, кои сочинуваат 9,5% од потрошувачите, а ќе биде отворено и 40% од пазарот на гас.

На слободниот пазар за електрична енергија од 2014 година ќе се најдат и околу 4.000 потрошувачи на среден напон.

Од 2015 година и домаќинствата ќе можат да бираат од кого ќе купуваат струја.

Со либерализацијата на пазарот, претпријатијата Електростопанство Србија и Србијагас престануваат да бидат единствени снабдувачи на индустријата со електрична енергија и гас.