Бесплатен Wi-Fi во градскиот превоз во Белград

47

wifi

Јавниот градски превоз во главниот град на Србија наскоро треба да добие бесплатен интернет, соопшти градоначалникот на Белград, Синиша Мали. Со Телеком е постигнат договор до крајот на годината во сите возила на Градскотот сообраќајно претпријатие да биде достапен бесплатен интернет, пишува 24 сата.

Освен Wi-Fi во автобусите, градот годинава ќе добие уште 50 нови автобуси и тролејбуси. Според Планот за обнова и унапредување на возниот парк на ЈКП ГСП Белград за периодот 2015 – 2019, ќе биде реализирана набавка на 350 нови автобуси.