Дефицит на ИТ кадар во Бугарија

52

bg

На пазарот на труд во Бугарија има 10.000 слободни места за ИТ професионалци. Бизнисот бара да се увезат странски висококвалификувани кадри и инсистира да се олесни постапката за издавање на работна виза за странци, јавува БТВ.

Според бизнисот, долгорочно решение на проблемот со недостигот на ИТ кадри е реформа во образованието, додека брз ефект би имало олеснување на постапката за издавање на работни визи за висококвалификувани странци. Сега постапката за добивање работна виза е многу долга и сложена и трае од пет до девет месеци.

Просечната плата во овој сектор е 1.800 евра.