Се очекува во мај или во јуни да стартуваат активностите за изградба на проектот Белград на вода, велат во белградската градска управа, а во тек е иселување на станари долж реката Сава, јавува РТС.
Според градоначалникот на Белград, Синиша Мали, првите шест објекти ќе бидат изградени до 2017 година и наскоро ќе се усвои закон кој дефинира експропријација на земјиштето, затоа што 10% е во приватна сопственост.
Од Градот сметаат дека до сега се урнати 130 куќи, а останати се уште стотина. Иселени се преку 70 од вкупно 114 фамилии и доделено им е друго сместување.
Белград на вода ќе се гради на десното крајбрежје на реката Сава, а би требало да се изградат околу два милиони квадратни метри станбено – деловен простор.