Цената на железна руда на светските пазари во последните четири месеци порасна за 60%, по остриот пад во септември, пишува Фајненшал тајмс.
Во септември цената на железната руда на светскиот пазар се лизна на 88 долари за тон, на најниско ниво во последните три години, како последица на успорување на кинеската економија која учествува со половина во потрошувачката на вкупниот извоз на оваа руда.
Опоравувањето на цената на железната руда е неочекувано, затоа што трговците сметаа дека успорената кинеска економија ќе придонесе за пад на побарувачката, а со тоа и на цената.
Железната руда е неопходна за производство на црните метали, од кои е најважен челикот, кој најмногу се употребува во градежништвото и машинската индустрија.