На подрачјето на општината Илиџа, западно предградие на Сараево, Босна и Херцеговина, се планира изградба на модерна населба вредна една милијарда евра, што значително ќе го измени изгледот на овој дел од земјата, пишува порталот Klix.ba.
Инвеститори од Кувајт за овој проект се подготвени да одвојат голем износ на средства, исто како и раководителите на компанијата Buroj Property development од Обединетите Арапски Емирати, кои планираат изградба на голем туристички комплекс.
Планот предвидува изградба на модерна станбена зона со паркови и рекреативни површини со “футуристички изглед“.
“Тоа ќе биде модерна населба за 40.000 жители, која ќе се простира на десното крајбрежје на реката Железница од термалната Ривиера до ентитетската линија во Војковиќ. Вредноста на проектот е една милијарда евра, а за ова вложување се заинтересирани повеќе инвеститори. Само земјиштето ќе може да се продаде за 20 милиони евра“, рекол началникот на општината, Сенаид Мемиќ.