Бројот на туристи во периодот од јануари до декември оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бележи пораст од 4,8%, и тоа кај домашните има зголемување од 2,7%, а кај странските од 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,2%, а кај странските има зголемување за 4,7%.
Бројот на туристите во декември 2014 година изнесува 32.413, а бројот на ноќевањата изнесува 64.687. Бројот на туристите во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 3,8%, а бројот на ноќевањата е намален за 6,3%.
Бројот на домашните туристи во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 6,9%, а бројот на странските туристи е намален за 1,7%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, е намален за 0,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 10%.