Пораст на вредноста на договорените градежни работи во странство

36

Во периодот јануари – декември 2014 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 6.363.706.000 денари, што е за 27,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 994.215.000 денари, што е за 48% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Хрватска, Швајцарија и Србија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија и Црна Гора.