Исполнувањето на обврските од ЦЕФТА Договорот за третманот на јавните набавки е темата на регионалната конференција Прогресивно и ефикасно отворање на пазарот за јавни набавки на земјите – потписнички на ЦЕФТА Договорот, што ќе се одржи денеска во Скопје.
За таа цел, на Регионалната конференција ќе учествуваат и дискутираат претставниците на стопанските комори од регионот, Унијата на германските трговско – индустриски комори (ДИХК), Бирото за јавни набавки на РМ, претставниците на ЕУ делегацијата во Македонија.
Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА, покрај остварувањето на основната цел – либерализација на трговијата со стоки и создавање единствена зона за економска соработка, создаде можност и за соработка во областа на јавните набавки.