Компанијата Тетекс од Тетово оствари добивка од 7.668.000 денари во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, покажува неревидираниот неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Во истиот период минатата година, Тетекс прокнижи добивка во висина од 33.155.000 денари.
За една година, компанијата реализираше вкупни приходи во висина од 214.713.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 109.285.000 денари, додека остатокот од 105.428.000 денари отпаѓаат на странски пазари.