Денеска ќе се одржи средба меѓу директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претставници од Комората на сметководители, во рамки на Сојузот на Стопански комори на Македонија.
На средбата ќе се разговара за текот на поднесувањето годишни сметки во хартиена и во електронска форма и за можностите за унапредување на соработката помеѓу Централниот регистар и Комората, со цел подобрување на бизнис климата во Република Македонија.