Скопје Сити Мол: Женски град посветен само на дамите

47

Zenski Grad - Skopje City Mall

Од 5-ти до 8-ми март, Женскиот град ќе понуди различни содржини; вклучувајќи избор на козметика и козметички продукти со експертски совети за нивна употреба, здравствени совети и совети од областа на модата и предлози за убав изглед, како и интересни панел дискусии на различни теми, претставени од професионалци во своите области.

Дополнително, од молот најавуваат и интересни акции и попусти во повеќе продавници за време на саемските денови.

Четири дена посветени само на дамите – е главната инспирација на Скопје Сити Мол, но она што ќе даде дополнителен печат на овој настан е ексклузивната можност за зачленување во Женскиот Клуб на молот, во кој сите членови би добивале интересни бенефиции и можности за забава и дружење.

Бидете присутни на Женски Град, станете член на Женскиот клуб и дозволете си 365 – дневно разгалување.