На продажба уште една градежна парцела во општина Кисела Вода

34

Општина Кисела Вода објави продажба на градежна парцела за изградба на станбена зграда, со компатибилна класа за деловни и комерцијални намени, стои во соопштението на општината.

Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот Шопен и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри. Почетната цена на земјиштето е 4.300 денари за метар квадратен.

“Би сакале да ги известиме сите заинтересирани, а посебно посетителите на Саемот за градежништво и недвижности, кој во моментов е во тек, дека пријавата за учество на електронското јавно наддавање треба да се достави најдоцна до 23 март, на интернет адресата www.gradeznozemjiste.mk, а наддавањето е планирано да се одржи на 27 март. Повеќе информации можат да добијат на интернет страницата на општина Кисела Вода, а воедно, на истото место, можат да ги погледнат и сите јавно достапни детални урбанистички планови на општината или да закажат состанок во секторот урбанизам“, се наведува во соопштението на општината.