Розови и здрави – акција на Борка и Бимилк

96

borka i bimilk

Здружението за борба против ракот на дојката Борка и млекарницата Бимилк започнаа акција под мотото Розови и здрави.

Во рамки на акцијата, Бимилк пушти во продажба Битолски јогурт со посебен дизајн на пакувањето, со чие купување потрошувачите ќе имаат можност да донираат дел од цената на производот за превенција од ракот на дојката.

Бимилк и Борка организираат информативни пунктови каде заинтересираните ќе може да добијат повеќе информации од стручен карактер за раното откривање и лекување на ракот на дојката. Првите информативни пунктови беа поставени викендов во Веро Центар и Керфур, а во следните три викенда информативни пунктови ќе има и во Веро 2, Тинекс кај поранешен Годел, Тинекс кај Драмски театар, Рамстор Центар, Рамстор во Капитол мол и Рамстор во населбата Капиштец.

На првиот информативен пункт присуствуваше и претседателката на здружението Борка, Биба Додева.

“Акцијата Розови и здрави е одлична прилика во текот на месецот на жената потрошувачите да се информираат за превенцијата, раното откривање и лекувањето на ракот на дојката и секако да дадат свој придонес во борбата со оваа болест преку купување на Битолски јогурт на чие пакување стои препознатливата розова панделка. Ракот на дојката е тешка болест со која секојдневно се соочуваат сé поголем број жени, наши мајки, сестри, пријателки, сосетки и затоа секоја помош во борбата против оваа болест е добредојдена“, рече Додева.

Средствата кои ќе се соберат во рамките на акцијата Розови и здрави ќе бидат искористени за одржување на едукативни трибини ширум Македонија со цел што поголема едукација на населението за превенција од ракот на дојката.