Малите претпријатија со финансиски проблеми и блокирани сметки, ќе можат да се договараат со доверителите околу начинот на враќање на долгот, а посредник во преговорите ќе биде Стопанската комора на Србија. Постапката за финансиско реструктуирање по договор ќе може да ја покренат и должникот и доверителот, пишува Политика.
Ова е една од мерките за помош на неликвидната економија, која ќе биде внесена во измените и дополнувањата на Законот за финансиско реструктуирање по договор.
Доверителите наместо да започнуваат извршни постапки, да ангажираат адвокати и да блокираат сметки, во иднина ќе можат да започнат постапка пред Комората. Постапката трае кратко. Се прави договор кој е обврзувачки за потписниците. Договорот е на доброволна основа и нема елементи на присила. Должникот и доверителот се договараат дали долгот ќе биде измирен на рати или на некој друг начин. Истовремено се повлекува блокадата од сметката и стопанскиот субјект продолжува со работата.
“Овој механизам е евтин, брз и лесно применлив затоа што се заснова на договор и не подразбира долготрајни судски постапки”, вели Андријана Живановиќ, советник на министерот за економија.