Еврото достигна нов минимум и се приближува кон вредноста на доларот

evra i dolari

Еврото достигна нов 12-годишен минимум во однос на доларот, откако заедничката валута на земјите од монетарниот блок на Европската унија подлегна на притисокот од Европската централна банка, што ја спроведува стимулативната програма, пишува Reuters.

Вредноста на еврото се намали за 0,3% на 1,0515 долари, откако во 2003 година достигна рекордно ниска вредност од 1,0508 долари.

Европската централна банка оваа недела ја започна програмата за откуп на државни и корпоративни обврзници во месечен износ од 60 милијарди евра. Во меѓувреме, вредноста на доларот се зголеми по најавите на американската централна банка (FED) дека подоцна оваа година би можела да ги зголеми каматните стапки.