Прилепска Пиварница прикажа вкупна сеопфатна добивка од 76.809.000 денари во билансот на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2013 година, компанијата работеше со позитивен финансиски резултат од 107.206.000 денари.
Вкупните приходи од продажба се во висина од 1.472.506.000 денари од кои на домашен пазар се остварени 1.463.525.000 денари, додека остатокот од 8.981.000 денари се реализирани на странски пазари.