Првата македонска апликација за повикување такси на саем во Хановер

34

claxi

Првата македонска апликација за повикување такси Claxi официјално се претставува на CeBIT, најголемиот и најпознатиот саем за информатички и комуникациски технологии во светот што денеска почна во Хановер, Германија, пишува Миа.

На својот штанд компанијата Claxi ќе го презентира концептот на апликацијата, предностите и бенефиции за корсниците.

На саемот, што ќе трае до 20 март, се претставуват околу 4.000 изложувачи од над 70 држави од светот, а се очекуваат повеќе од 500.000 посетители. Меѓу излагачите се и Microsoft, IBM, Apple, Dell, Sony, Philips, HP, Samsung, Western Digital, Logitec…