Microsoft ќе инсталира софтвер во Пентагон вреден 617 милиони долари

53

1008_microsoft-dod-image1Министерството за одбрана на САД и американската компанија Microsoft потпишале договор вреден 617 милиони долари за инсталирање на најнов софтвер во Пентагон, кој го вклучува оперативниот систем Windows 8.

Според извештајот на агенцијата Bloomberg, на тендерот за потребите на Пентагон учествувале седум софтверски компании и потоа било објавено дека победник на тендерот е Microsoft.

“Најголемиот дел од вработените во министерството за одбрана на САД едноставно го направиле изборот во полза на Microsoft. Ова е добра вест од аспект на бизнисот”, изјави Тим Солмс, генералниот менаџер на компанијата за тендерот со Пентагон.

Тригодишниот договор помеѓу Microsoft и американското министерство за одбрана вклучува инсталација на најновиот оперативен систем Windows 8, Microsoft Office 2013 и платформата за размена на датотеки SharePoint 2013 на повеќе од 1,5 милиони компјутери во министерството, пишува Bloomberg.