Светскиот производител на дијаманти De Beers презентираше беспрекорен дијамант од 100 карати во Дубаи.
Дијамантот е откриен уште пред десет години во рудник во Африка, сопственост на групацијата и е еден од петте дијаманти кои тежат повеќе од 100 карати.
Големиот дијамант е совршено избрусен во смарагдна форма и тежи 100,20 карати.
Тој се разликува од сите други дијаманти кој биле давани на аукција во минатото. Може да се користи како привезок, манжетна на нараквица, прстен или едноставно како парче декор.
Британската аукциска куќа Sotheby’s планира да го изложи овој дијамант на продажба, кој се очекува да достигне цена од 25 милиони долари.