За да се произведе ова слатко и скапо велигденско зајаче, чија цена е доволна за да се купи еден луксузен автомобил, беа потребни врвен мајстор за слатки, какао од Танзанија, два уникатни дијаманти и цели два дена.
Зајачето кое чини 49.000 долари е високо 38 сантиметри, тешко пет килограми и еднакво на 548.000 калории.
Но, она што најмногу привлекува внимание кај овој вкусен десерт се очите, пар 1.07 каратни дијаманти вредни 38.000 долари.
Зајачето е дело на пекарот Мартин Чиферс, поранешен главен декоратор во престижната стоковна куќа Хародс во Лондон.