Со исклучување на мелницата за цемент во периодот од 20:30 до 21:30 часот на 28 март 2015 годинава, Цементарница Усје АД ќе се приклучи на глобалната акција Час на планетата земја. Освен мелницата за цемент во исто време ќе се исклучат од електрично напојување сите невитални објекти во кругот на фабриката.
Преку оваа активност, Цементарница Усје АД Скопје ќе заштеди 10 MWh, што е еднакво на електричната енергија што ја трошат три просечни семејства во Скопје за една година или приближно 20.000 домаќинства за еден час. Оваа заштеда е еднаква на заштедата што би се направила доколку еден час се исклучат 166.000 светилки од 60W. Освен заштедите на електрична енергија, преку оваа акција се намалуваат индирекните емисии на јагленрод диоксид (СО2) за 7600 килограми, во што е и суштината на оваа глобална акција.
Годинава Усје испрати покана и до сите свои соработници да се приклучат кон акцијата, со што ќе се зголеми бројот на компании кои симболично ќе ги прекинат своите операции и ќе ја стопираат потрошувачката на енергија за еден час. Истовремено и вработените на компанијата ќе се приклучат кон акцијата Час на планетата земја, исклучувајќи ја електричната енергија во своите домови.
“Иако се работи за симболична акција Часот на планетата земја има големо значење за подигнување на свеста и креирање на еден поширок фронт за преземање на активности што ќе имаат конретен резултат. Усје традиционално го одбележува овој ден, но ова е само симболичен чин кој е поткрепен со низа конкретни активности што ги преземаме во насока на заштита на животната средина и нејзино подобрување“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница Усје АД.
Во соработка со општината Кисела Вода, а во насока на креирање на активности кои што ќе можат да вклучат и да едуцираат што повеќе страни, менаџерот за животна средина од Усје Наташа Бакреска–Кормушоска ќе одржи информативно предавање за кампањата Час на планетата земја, во основното училиште Кузман Јосифовски – Питу.
Од декември 2008, Цементарница Усје АД е локален член на Глобал Компакт – договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, Цементарница Усје АД ги прифати десетте принципи на добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина.
Денот на планетата Земја започна во САД по инцијатива на сенаторот Гејлорд Нелсон, по што стана глобална акција. За прв пат е обележан во 1970-та година. Годинава манифестацијата се одржува под мотото “Искористете ја Вашата моќност денеска, исклучете ги светилките, време е Планетата Земја да светне“.
Повеќе институции компании и организации во 5.200 различни градови од 135 земји ширум светот, се приклучија кон оваа акција, со што таа прерасна во најголемиот настан за заштита на животната средина.