Номинален раст од 15,9% на бруто додадената вредност во земјоделството во 2013

24

Бруто додадената вредност во земјоделството во 2013 година изнесува 49.670.000.000 денари и во однос на 2012 година бележи номинален раст од 15,9%. Раст е забележан и кај земјоделската “деловна гранка“ од 9,5% во однос на 2012 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Растителното производство во 2013 година (кое во вкупното производство учествува со 69,1%) бележи раст од 9,6% во однос на 2012 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство учествува со 21,7%) порасна за 2,7% во однос на 2012 година.

Меѓуфазната потрошувачка во 2013 година бележи пораст од 1,7% во однос на 2012 година. Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2013 година бележат пад и тоа: 1.3% кај номиналниот и 5.2% кај реалниот доход од производните фактори.