ССК: Повеќе средства во компаниите со измените на Законот за данок на добивка

40

На иницијатива на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), донесена е одлука за измена на законот за данок на добивка, каде што во 2014 година, реинвестираната добивка на компаниите од 2013 година, ќе се смета како даночно ослободување, односно нема да се плаќа данок на целата добивка, туку само на разликата, поточно на нереинвестираната добивка, пишува МИа

“Со ова решение одредени средства ќе останат во компаниите кои ќе можат да се искористат за развој и инвестирање, покривање на трошоци во работењето како и одржување на тековната ликвидност“, изјави Драган Митковски, потпретседател за финансии во ССК.

Според Митковски, ССК работеле на оваа проблематика и во соработка и консултации со Министерството за финансии е дојдено до решение за законската измена.

Управата за јавни приходи технички го реши проблемот за внесување на образецот на данок на добивка кој се поднесува по електронски пат.