Форум со работодавачи за презентација на програмите за вработување

18

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија (МТСП), Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ), центрите за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност, денеска во Скопје организира Форум со работодавачи, на кој ќе бидат презентирани активните мерки и програми за вработување годинава.

Форумот, како што истакнуваат од ССК, е од особена важност и е организиран на барање на компаниите членови на ССК, во насока на информирање за најновите активности и бенефиции од користењето на мерките и програмите за вработување годинава.