Модниот дизајнер Томи Хилфигер го продава својот дом, луксузен пентхаус во хотелот Plaza во Њујорк, за 75 милиони долари.
Се протега на 18-от и 19-от кат на хотелот, има пет спални соби, ретро кујна од 50-тите, трпезарија осветлена со неонки и златни ѕидови, библиотека, но она што е најдобро е неверојатниот поглед на Централ парк и Петтата авенија.