Квалитет пром од Куманово со намера за објавување јавна понуда за преземање на ФЗЦ 11 Октомври

176

Sprovodni-Home

Компанијата за градежништво и трговија Квалитет пром од Куманово објави намера за објавување на јавна понуда за преземање на ФЗЦ 11 Октомври од Куманово, се вели во соопштението на Македонска берза.

“Врз основа на јавното наддавање што се одржа на 24.03.2015 година, а по претходно објавениот оглас за продажба на 234.158 обични акции издадени од ФЗЦ 11 Октомври во сопственост на Експорт Импорт Банка во стечај, друштвото Квалитет пром беше избрано за најповолен понудувач со понудена цена од 550 денари за акција“, се наведува во намерата.

Согласно постигнатиот резултат од јавното наддавање, како што се наведува, Квалитет пром има намера да понуди цена од 550 денари по акција до сите акционери на ФЗЦ 11 Октомври.

“Квалитет пром ја извести Комисијата за хартии од вредност, Одборот на директор на ФЗЦ 11 Октомври и Комисијата за заштита на конкуренцијата за својата намера за објавување на јавна понуда за купување на сите акции. Барањето за добивање дозвола за понуда за преземање ќе се поднесе до Комисијата за хартии од вредност во законскиот рок. Понудата за преземање ќе биде објавена по добивањето на дозволата од КХВ“, се наведува подолу во намерата.