Walmart: Со евтини цени до голема заработувачка

75

Walmart3.jpgВо Walmart денес работат повеќе од 2,1 милиони луѓе, брендот поседува 8.500 продавници и дисконти ширум светот, кои неделно ги посетуваат околу 200 милиони потрошувачи.

Но, пред 50 години постоеше само една мала продавничка со евтина стока, а основачот на мега ланецот Сем Волтон се бореше да пронајде инвеститори кои ќе му помогнат во остварување на неговиот сон.

Волтон уште на почетокот се водеше од мотото дека пониските цени значат поголема продажба, а тоа води до поголема заработувачка. Тој се фокусираше на малиот рурален пазар, односно местата коишто повеќето претприемачи ги игнорираа.

Стратегијата се покажа како успешна.

walton2

Во 1945 Волтон ја отвора својата Бен Френклин продавница во Њупорт, Арканзас. За само три години тој ја зголеми продажбата од 80.000 на 225.000 долари, но мораше да се пресели на нова локација.

Така патот го однесе во Бентонвил и таму стартуваше со Walton’s Five and Dime, продавница под франшиза на Бен Френклин.

Пред да започне со Walmart, Волтон отвори 14 мали five and dime продавници во периодот помеѓу 1951 и 1962.

walmart-first-x-large

Првиот Walmart започнува со работа во 1962 година. Заедно со неговата сопруга основачот вложува 95% од својот капитал. Вложеното за кратко време се исплатува.

По шест години Волтон почнува да го шири Walmart надвор од границите на Арканзас, во Мисури и Оклахома, по што следуваа Тенеси, Мисисипи, Кентаки.

Во 1974 година Walmart стана сопственик на 16 Mohr Value продавници во Мичиген и Илиноис, а по четири години и на компанијата за чевли, Hutcheson Shoe Company. Бројката на ланецот маркети растеше, до 1976 ги имаше 18 на број, па Волтон одлучи да ги затвори сите five and dime продавници, за да може целосно да се посвети на Walmart.

Две години подоцна тој почна да го транформира својот бизнис во она што е сега, па така во 1978 ја отвори својата прва аптека, првиот автосервис и продавниците за накит.

heres-how-walmarts-logo-evolved-with-its-successОсумнаесет години по започнувањето со работа, Walmart направи профит од една милијарда долари. Во 1980 ланецот имаше 276 продавници, 21.000 соработници, 1,248 милијарди од продажба.

Осум години подоцна со вкупно 1.198 маркети, 200.000 соработници и 15,9 милијарди, Walmart имаше постигнато неверојатен успех, а сè уште важеше за млада компанија.

Тоа го однесе и надвор од границите на САД отворајќи продавница во Мексико.

По смртта на основачот Сем Волтон во 1992 година, водечката позиција на мега синџирот ја зазема неговиот син Робсон Волтон.

Walmart продолжува да се шири надвор од САД, во Канада, Аргентина и Бразил ланецот почнува да оперира од 1995 година, за следната 1996 да го освои и кинескиот пазар.

Успехот продолжува да се ниже. Низ следните години бројките растат и сонот на Волтон се остварува, неговиот ланец на супер маркети кој почна скромно со една продавница, во 2000 година станува најголемата приватна компанија во светот.

WalMart_Supercenter_Albany

Новиот милениум за Walmart значеше и нов пристап кон начинот на продажба, воведувајќи и онлајн нарачки.

Компанијата си остана доследна на мотото кое го доведе Сем Волтон, “ниски цени, голема заработувачка”.
f20cc912ca016f47173b82618aedb40c3e8d23db

Десет правила на Сем Волтон за бизнисот:

Посветете му се на бизнисот во целост.

Делете го профитот со сите соработници и однесувајте се кон нив како кон партнери.

Мотивирајте ги своите партнери.

Споделувајте сè со партнерите, немојте да криете ништо.

Ценете сè што прават соработниците за вашиот бизнис.

Славете го успехот.

Надминете ги очекувањата на купувачите.

Работете поинаку од другите.

Контролирајте ги трошоците подобро од конкуренцијата.

Слушајте ги советите во компанијата, без разлика од кого доаѓаат.