Турски Матек ќе инвестира 15 милиони евра во Македонија

76

matek 1Турската медицинска компанија Матек ќе инвестира 15 милиони евра во Македонија. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ – Бунарџик, а се планира вработување на 300 лица.

“Компанијата ќе произведува високи технолошки медицински препарати како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови”, вели директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.

Компанијата првично ќе вработи 100 лица кои ќе бидат обучени за производство на високо технолошки медицински препарати. За неколку години од компанијата планираат да го зголемат бројот на вработени до 300 лица.

Главна дејност на компанијата лоцирана во Анкара е производството на технолошки медицински помагала.