Робот “готвач“: Сам подготвува храна, мие садови и чисти

120

gotvac robot

Британски научници осмислија робот што може самостојно да подготвува храна. Уредот е составен од две роботски раце што ги движат 24 мотори, а во истата се вградени 26 микро контролори и 129 сензори, пишува Daily mail.

gotvac robot 1

Инженерите од Shadow robot Company поминаа 18 години во развој на уредот. Роботот “готвач“ може да сечка, меси и да ги извршува сите останати функции што вообичаено се прават при готвењето. Она што ќе го остави зад себе, роботот лесно го чисти, а сите нечисти садови внимателно ги става во машината на миење.

gotvac robot 2

Овој уред што ќе им биде од голема корист на модерните домаќинки, се очекува да чини околу 14.000 долари, а на пазарот ќе се појави на почетокот на 2017 година. Може да се купи само како дел од таканаречена технолошка кујна, заедно со мијалник за садови, машина за миење садови и шпорет.