Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари и претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија Игор Соколески, денеска во Кичево ќе одржат бизнис средба со фирми од овој регион.
Бизнис средбата се организира на иницијатива на членките на Регионалната комора, со цел интензивирање на соработката со локалната самоуправа, подобрување и унапредување на можностите за развој во регионот, како и во делот на инфраструктурата.
На бизнис средбата ќе се обратат извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.
Претставници на Регионалната комора со седиште во Кичево и на општина Кичево на средбата ќе потпишат меморандум за соработка.