Дрекслмајер додели стипендии за пет најдобри студенти

110

Компанијата Дрекслмајер денеска додели пет стипендии на најдобрите студенти од електротехничките и машинските факултети кои аплицираа на конкурсот, пишува Миа.

Договорите со избраните студенти ги потпишаа техничкиот директор на компанијата Лукас Мирингер и менаџерот за човечки ресурси Афродита Гоцевска.

Стипендиската програма се однесува на студентите од четвртата година од студиите, а стипендијата опфаќа месечен паричен надомест во текот на следните шест месеци, како и овозможување на двомесечна пракса во фабриката Дрекслмајер во Кавадарци.

Стипендистите кои успешно ќе ги завршат студиите и ќе се истакнат со својот ангажман и активности за време на праксата, ќе имаат можност да потпишат договор за вработување и да се придружат на тимот на вработени во Дрекслмајер.

Согласно долгорочната стратегија за поддршка на младите луѓе, компанијата има во план да ја прошири својата стипендиска програма и за студентите од пониските години на студирање.