Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми за 8,7%

45

AerodromAleksandarVeliki1Вкупно 906.871 патници биле регистрирани од аеродромите во Македонија лани, што претставува пораст од 8,7% во однос на бројот на патници 2011 година, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Минатата година имало зголемување на бројот на превезени патници на аеродромот Александар Велики во Скопје, каде биле превезени 828.831 патници или за 9,1% повеќе споредено со бројот на патници во 2011 година. Забележан е пораст од 5%  во однос на претходната година и на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, каде лани биле превезени 78.040 патници.

Бројот на патници на редовните линии бил во најголем пораст, како резултат на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13% повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници.

“По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај”, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.