Претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Бизнис центарот на Скопски плански регион денеска ќе дебатираат на тема Енергетска ефикасност во градежништвото – Зелена градба.
Целта на настанот е компаниите членови на ССК, пред сè од градежниот сектор, во соработка со општините од Скопски плански регион и надлежните институции заедно да придонесат во промоција и поголема примена на енергетска ефикасност – зелената градба во градежништвото.
Создавањето на здрави, одржливи простори во урбани средини претставува во исто време економски здрава инвестиција, општествено одговорно управување и е во склад со принципите на одржлив развој на општините. Зелената градба е одржлива, еколошка, заштедува енергија и ја заштитува животната средина.
На настанот ќе се обратат Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, Сокол Митревски, претседател на Совет на развој на Скопски плански регион, Сеад Кочан, претседател на Македонскиот совет за зелена градба, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.