На фарма во Германија ќе се произведува млеко од камила

146

kamila

Семејството Маркард од Долна Саксонија во Германија е уникатно по тоа што располага со фарма од 50-тина камили. Но, она по што ќе се одвојува е планот за производство на млеко од овие егзотични животни, пишува порталот Tz.de.

“Пред неколку недели започнавме со молзење на камилите. Ние сме единствени во Германија, а слично на она што ќе го работиме ние го има во Холандија и Швајцарија“, изјави Андрес Маркард, сопственик на фармата за камили.

Млекото замрзнато ќе се транспортира до крајните корисници. Вкусот на млеко од камила, како што наведуваат, е слично на непастеризираното кравјо млеко.

Ова млеко било посебно корисно за луѓето што имаат проблеми со егземи и алергии.