Намалена загуба за Макотекс во првото тримесечје од 2015

39

denari

Компанијата Макотекс прикажа загуба од 161.000 денари за период од првите три месеци од оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2014 година загубата на Макотекс беше во висина од 909.000 денари.

Компанијата во период од 01.01. до 31.03. евидентираше вкупни приходи од продажба во вредност од 4.685.000 денари, додека во истиот период една година претходно тие беа на ниво од 5.091.000 денари.