Садиме здрави навики со Вива и најмладите

40

Sadime zdravi naviki - Viva 4

Како цел од својот концепт за здрава исхрана и здрави навики, компанијата Вивакс спроведе еко акција со садење овошни дрвца во неколку детски градинки во Скопје. Како дел од оваа Вива кампања, децата активно учествуваа во садењето на овошните садници и истовремено имаа можност да слушнат и да научат важни совети за своето здравје и за заштита на животната околина.

“Целта на нашата кампања е преку едукативни активности да им помогне пред сé на најмладите, да го разберат концептот на здрава исхрана и важноста од секојдневно консумирање на овошје и овошни сокови. Со садењето на дрвца сакаме да ја истакнеме важноста за одржување и грижа за околината, и истовремено да создадеме здрави навики “, изјави Тања Атанасова, маркетинг директор во Вивакс.

Со оваа акција, компанијата уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна и ја продолжи низата на активности од хуманитарен и од едукативен карактер. Вивакс е истовремено прва и единствена компанија во Македонија која го воведе интернационалниот коњички натпревар – Вива куп, што е потврда плус за инволвираноста и посветеноста на компанијата во креирањето и во развојот на навиките за здрав живот.