Рудникот за бакар и злато во Иловица ќе добие кредит од 215 милиони долари

40

euromax-resources

Германскиот гарантен фонд (UFK – Garantien für Ungebundene Finanzkredite) издаде мандатно писмо за начелна подобност и овластување за аранжман за финансирање на компанијата Еуромакс ресурсис за развој на проектот за бакар и злато – Иловица во Македонија, стои во соопштението.

Со потпишаното мандатно писмо се обезбедува аранжман од 215 милиони долари за приоритетно финансирање на проектот, од страна на Société Générale S.A., UniCredit Bank AG и Unicredit Bank Austria AG, како главни кредитори. Рокот за отплата на аранжманот за финансирање е 12 години, со каматна стапка со разлика од 3,75% – 4,25% пред завршување, односно разлика од 2,75% – 3,25% над ЛИБОР по завршување на проектот.

Услов за добивање на аранжман за финансирање е склучување на договор со топилница во германска сопственост за преземање на бакарен концентрат.

Дополнителни со мандатно писмо од Германскиот гарантен фонд UFK  договорени се и услови  со Caterpillar Financial (Cat Financial) за аранжман за финансирање на опрема во вредност од најмногу 25 милиони американски долари. Овој аранжман за опрема се однесува на финансирање на било која опрема Cat купена за проектот Иловица во Македонија. Рокот на отплата на аранжманот за финансирање на опремата е 5 години со разлика од 4,50% – 5,50% над ЛИБОР.

“Потпишувањето на овие мандатни писма, во комбинација со UFK Поддршката, е значително достигнување во нашиот план за финансирање и покажува голем интерес за проектот Иловица. Во комбинација со Договорот за испорака на злато со Royal Gold, обезбедуваме 400 милиони американски долари за финансирање на изградбата на Иловица. Со вклучување на банките уште на почетокот на процесот, ќе бидеме во можност да го спроведеме процесот на длабинска анализа паралелно со DFS/FEED за да се избегне одлагање при приемот на одобрението за градба во 2016 година. Со предвидената поддршка од UFK, успеавме да обезбедиме поволен рок на отплата на кредитот до 12 години, така што нашите акционери ќе имаат корист од зголеменото задолжување и ова драстично ја зголемува внатрешната стапка на поврат на средства на Проектот“, изјави Варшан Гокул, главен финансиски директор на Еуромакс ресурсис.

Поддршката од Германскиот гарантен фонд се темелат на резултатите на Пред -физибилити студијата за проектот Иловица, објавен од страна на компанијата во јуни 2014 година и се наменети за финансирање на проектот Иловица, заедно со Договорот за испорака на злато вреден 175 милиони американски долари објавен во октомври, 2014 година.

Потпишувањето на мандатните писма ќе ѝ овозможи на компанијата да продолжи со планот за завршување на потребната длабинска анализа, потребна за комплетирање на поддршката за проектниот аранжман и аранжманот за опрема, паралелно со завршувањето на конечната физибилити студија за Иловица која е во тек.

Финансискиот аранжман и аранжманот за опрема е предмет на длабинската анализа која треба да ја извршат главните кредитори и Cat Financial, вклучувајќи финансиски, правни, технички, еколошки и социјални длабински анализи. Поддршка од Германскиот гарантен фонд ќе биде предмет на понатамошни длабински анализи и одобрување од страна на германската влада.

Изградбата на рудникот за бакар и злато – Иловица, треба да заврши кон крајот на 2017 година. Неговата изградба ќе чини околу 500 милиони долари, а според плановите во новиот рудник ќе се вработат околу 400 лица.