Саем за вработување и кариера – Job Fair Vol.2

60

saem za vrabotuvanje

Во организација на Бордот на европски студенти по технологија – БЕСТ Скопје од утре до седми мај на комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11-от по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair Vol.2, пишува Миа.

Саемот има цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар и да дојдат до работа или пракса во една од водечките компании во Македонија.

“Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да си го претстават своето CV. Предвидени се и обуки и презентации од страна на професори и компании на најразлични теми на кои студентите ќе можат бесплатно да присуствуваат“, велат организаторите.

Сите заинтересирани студенти може да се информираат за програмата и да го остават своето CV на официјалната страница www.jobfair.org.mk, чија датабаза е достапна за компаниите и студентите во текот на целата година.

Првото издание од 11. Саем за вработување и кариера Job Fair Vol. 1 се одржа од 9-ти до 11-ти март на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје.

“Саемот предизвика голем интерес кај студентите кои се запознаа со можностите за вработување и пракса кај повеќе успешни компании од земјата“, велат од БЕСТ.