Осигурување Македонија оствари добивка од 14,3 милиони денари за три месеци

43

osiguruvanje makedonija

Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп првото тримесечје од оваа година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 14,3 милиони денари, стои во Коментарот на билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период 2014 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 24,7 милиони денари.

Бруто полисираната премија бележи пораст во однос на истиот период од минатата година од 4%.

Во првото тримесечје, приходите од работењето се во износ од 167,8 милиони денари што е за 17,8 милиони денари помалку во однос на 2014 година. Најголемо влијание има позицијата на заработената премија и останатите осигурително технички приходи.

Од компанијата очекуваат во текот на годината и оваа позиција да се зголеми.

Основна цел на Друштвото во 2015 година, како што стои во Коментарот,  е да се зголеми обемот на квалитетни осигуреници што ќе придонесе до задржување на трендот на остварување позитивен финансиски резултат.