Промовирање на договорите за изградба на мали хидроцентрали

31

Дванаесетте договори за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија и изградба на мали хидроелектрични централи, потпишани со избраните понудувачи од шестиот пакет за доделување на концесии за користење на вода за производство на електрична енергија, ќе ги промовира денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Договорите се склучени во согласност со донесените Одлуки за избор на најповолни понуди и доделување на концесија за 19 локации за изградба на мали хидроелектрични централи.

Вредноста на еднократниот концесискиот надоместок е во висина од приближно 36 милиони денари.