Благој Ѓорев евидентираше загуба од 5,4 милиони денари

53

blagoj gorev 123

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев евидентираше загуба од 5.476.000 денари во првото тримесечје од 2015 година, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех.

Истиот период минатата година, Благој Ѓорев работеше со добивка од 2.634.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година се на ниво од 124.050.000 денари, од кои на домашен пазар се 108.435.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 15.615.000 денари.

Во истиот период лани, Благој Ѓорев оствари вкупни приходи од продажба во износ од 127.311.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 118.303.000 денари, додека остатокот од 9.008.000 денари отпаѓа на странски пазари.