За само 60 секунди во САД се фрлаат околу 90.000 пластични шишиња, тоа е 50 милијарди шишиња годишно или 30 милиони тони пластичен отпад во текот на годината.
Hydaway е вистинска замена за пластичните шишиња за вода, бидејќи лесно се користи, а уште полесно се собира за да може да го собере в џеб. Ова шише може да собере 600 милилитри течност, а кога ќе се собере зафаќа само 3,2 сантиметри.
Hydaway е изработен од еколошки материјали, коишто му ја даваат потребната флексибилност.
На платформата за групно финансирање, Kickstarter, оваа иновативна идеја на креаторот Ники Синглауб, собра 200.643 долари иако почетно беа побарани само 20.000 долари.