Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија, реализирајќи ја својата програма за 2015, планира да спроведе проект Летање во природа (Zip Line) во Националниот парк Маврово. Проектот подразбира поставување на систем за летање поврзан со дрвени платформи, како и придружни објекти за опрема.
Со оваа нова содржина, која ќе се реализира до август 2015 година, се овозможува збогатување на туристичката забавна, рекреативна и авантуристичка содржина во пределот на НП Маврово.
“Проектот Летање во природа (Zip Line) прв пат се реализира кај нас и претставува нов туристички производ, збогатувајќи ја туристичката понуда во нашата земја и на соодветен начин ќе придонесе за осовременување, унапредување и развој на еко-туризмот”, стои во соопштението објавено на интернет страната на Агенцијата.
Целта на проектот е да се подобри конкурентноста и атрактивноста на туристичката понуда во Република Македонија.