Мобилни апликации креирани од студенти ќе го олеснат современиот живот

53

startup

Во светот постојат бројни примери на млади пронаоѓачи со чии иновативни пронајдоци секојдневно функционираме и живееме. Нашата зависност од мобилните уреди и мобилните и веб апликации се центарот на движењата и технолошкиот напредок кој пак, според експертите, допрва ќе доживее забрзана динамика.

Во Македонија, во изминатиов период, се случија два големи натпревари од областа на софтвер, иновации и напредни технологии: CodeFest и StartUp Weekend.

Она што е забележливо од ваквите натпревари е дека иновациите и креативноста се основен атрибут на студентите од Македонија. Особено внимание на двата натпревара, постигна тим од студенти на Академијата на Seavus, во состав од: Кристијан Арсовски, Дарко Котоски, Јордан Крстевски, Кристина Крстевска од академијата за програмирање и Ивана Талевска од академијата за дизајн на Seavus едукативен и Развоен центар.

11118479_10206012566300755_6629067102040414009_n

Овој тим од студенти, на Codefest 2015 добија прва награда за најдобра веб апликација под името: family tree social network application, наменета за поврзување на членови на фамилии насекаде низ светот.

Истиот тим ја утврди својата иновативност, освојувајќи второ место на StartUp Weekend со апликацијата NowPark.me, нудејќи одлично решение за проблемите со достапен паркинг, односно апликација за намалување на нервозите при наоѓање на паркинг (nowPark.me).

“Идејата беше стара само еден ден, што не ни даваше комоција на натпреварот. Но, изгледа дека генијалните идеи доаѓаат кога најмалку очекуваме. Најважно е да сте опкружени со позитивни и иновативни луѓе, со добри ментори и тренери и постојано да учите. Тоа го заклучив од искуството во академијата Seavus и натпреварите“, објасни Јордан Крстевски по освојувањето на двете престижни награди.

Seavus едукативниот и развоен центар е познат создавањето на успешни и иновативни кадри, кои успеваат да остварат амбициозни кариери на домашен и меѓународен пазар.