Врвните вина на Тиквеш со 34 награди на најбитните вински натпревари

51

FOTO_zlatni medali

Во исклучително голема и остра конкуренција на вина од целиот свет, врвните вина на Тиквеш и Домен Лепово освоија 34 различни медали и признанија на седумте најмасовни и најценети глобални вински случувања, кои во овој дел од годината се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Белгија, мeѓу кои и Декантер и Интернешенел Вајн Челинџ во Лондон.

На овие натпревари, наградени се вина од премиум сегментот на Тиквеш. Најголем дел од наградените вина се од бербата 2014, која по сите стручни оценки беше една од најтешките, заради неповолните временски услови, кои имаа влијание врз квалитетот на грозјето во светски рамки. Успехот е уште поголем доколку се земе превид фактот што конкуренцијата ја сочинуваа вина од постари берби, произведени во години кога временските услови беа далеку понаклонети за квалитетот на грозјето и виното. Тоа јасно покажува дека Тиквеш располага со најсовремена технологија, стручност и знаење во одгледување на грозје и производството на исклучителни вина со висока вредност.

Најновите златни медали ги добија врвните розе вина од серијата Александрија куве и Класик, како и црвеното вино Александрија куве, освоени на натпреварите Ле Мондеал д Розе во Франција и Конкурс Мондеал во Белгија. Веќе традиционално, престижни признанија добиваат и тероар вината Бела вода и Барово, како и речиси сите вина од премиум серијата Спешл селекшн и ултра ексклузивните вина од Домен Лепово.

“Да освоите толкав број признанија на натпревари на кои се присутни сите оние што нешто значат во светската винска индустрија, значи дека навистина имате вина кои заслужуваат да се истакнат по својот квалитет и уникатност и тоа во глобални рамки. Ваквиот успех на нашите вина ги зајакнува нашите напори за зголемување на извозот на вино во шишиња на најзначајните светски пазари и истовремено придонесува за јакнење на реномето на целата македонска винска индустрија, што е една од нашите стратешки цели“, објаснува генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски.

Освоените признанија на ваквите натпревари, претставуваат одлична препорака за вината на Тиквеш што се дел од винските карти во рестораните и се наоѓаат на полиците во трговските мрежи ширум светот.