Ерсте сака да ја купи Хипо банка во Србија

46

Bankenlogos, ERSTE Bank</p><br />
<p>Photo: Michaela BruckbergerЕрсте група достави писмо со намери за купување на Хипо Алпе Адриа банка во Србија, дознава Бета. Претседателот на извршниот одбор на Ерсте група, Андреас Трајхл ја потврдил намерата велејќи дека чекаат одговор од австриската банка и доколку понудата не биде прифатена, имаат резервен план за ширење во Србија.

Тој прецизираше дека резервниот план подразбира “органски раст” на Ерсте банка во Србија, односно ширење на работењето, пред се во делот со граѓаните.

“За Ерсте банка во Србија, 2012 година беше успешна”, оценува Трајхл и додава дека за Ерсте групацијата, Србија е важен пазар, со потенцијал за раст.